Нови жртви при нередите во Тунис

Протстите во Тунис

Десетици луѓе загинале во Тунис при немирите за време на протестите во земјата. Според информациите покрај грабежите и престрелките, во главниот град распоредени се и војници и тенкови, поради полицискиот час и вонредната состојба. Претседателот Зине Ел Абидине Бен Али со неговото семејство избега во Саудиска Арабија. За привремен претседател на Тунис е поставен првиот човек на Парламентот Фоуад Мебаза.