Обама бара американците да го задржат духот на заедништво

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика граѓаните на земјата да го задржат „духот на заедничката кауза“, кој произлезе од случувањата во Аризона и да го употребат за решавање на националните проблеми.
Законодавно-правната работа беше прекината во Вашингтон неделава, а законодавците и граѓаните од двете политички партии одаваа почит на загинатите во престрелката пред супермаркетот во Аризона, при која 6 луѓе беа убиени, 14 повредени меѓу кои и конгресменката Габриел Гифордс.