Премиерот на Сирија се сретна со Малики

Нури Ал Малики

Премиерот на Сирија Наји Ал Отари денеска се сретна со ирачкиот премиер Нури Ал Малики во Багдад. Посетата е со цел да се подобрат односите меѓу двете земји. Тие разговарале за зголемување на економската соработка од областа на трговијата, нафтата, транспортот и енергијата, како и за инвестиции и економско партнерство.
Сирија и Ирак ги обновија дипломатските односи на 24 септември во минатата година, по година дена откако двете земји ги повлекоа воените сили, поради тоа што Багдад го обвини Дамаск дека ги засолнил организаторите на смртоносните напади на ирачкиот главен град во август 2009 година.