Германскиот омбудсман повика да се повторат изборите во Белорусија

Протестите во Белорусија

Германскиот комесар за човекови права Маркус Ленинг изјави денеска дека белоруските власти мора да ги повторат претседателските избори, ако сакаат д аги избегнат санкциите од ЕУ.
Ленинг кој е во посета на Минск смета дека треба да бидат ослободени и сите политички затвореници, меѓу кои има и некои од опозициските лидери што беа уапсени за време на протестите против новиот мандат на Претседателот Александар Лукашенко.