Уапсени 30 екстремисти во Турција

Најмалку 30 луѓе се уапсени во полициска акција во Турција под сомнение дека биле поврзани со исламска екстремистичка група. Акцијата е спроведена поради извештајот дека неколку екстремисти кои биле пуштени од притвор додека судот не изрече казна побегнале пред неколку дена.
Меѓу нив имало и членови на турскиот Хезбалах, кои се осудени за убиство на 188 луѓе и за обид за воспоставување на исламска држава.