Хаос во Тунис, претседателот ја напуштил земјата

Премиерот на Тунис Мухамед Ганучи

Премиерот на Тунис соопшти дека тој е привремен претседател, бидејки претседателот Бен Али ја напуштил земјата. Премиерот вети дека ќе го почитува Уставот и оти ќе го врати редот и мирот во Тунис, по повеќедневните демонстрации против големата невработеност и сиромаштија. Претходно, туниските медиуми јавија дека претседателот Бен Али ја распуштил владата и прогласил вонредна состојба. Во денешните демонстрации во Тунис повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а се слушале и истрели. Досега во нередите во Тунис загинале над70 лица.