Средба Обама - Зардари во Вашингтон

Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари денеска во Вашингтон се состана со американскиот претседател Барак Обама, при што разговарале за развивање на стратегиското партнерство. Инаку, Зардари допатува во Вашингтон на комеморацијата за Ричард Холбрук, кој почина во минатиот месец.