Папата Јован Павле Втори ќе биде бeатифициран

Ватикан соопшти дека Папата Јован Павле Втори ќе биде беатифициран на церемонија што ќе се одржи на први мај. Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска го потпиша декретот за беатификацијата што се смета за еден од најважните чекори кон прогласувањето светец. Папата Јован Павле, роден Карол Војтила, почина во 2005 година по 27 години раководење со Светата столица.