Задолжително 40 отсто директорки во најголемите фирми во Франција

Францускиот парламент

Францускиот парламент го изгласа законот со кој големите компании се обврзуваат, најмалку 40 отсто од членовите на управните одбори да бидат жени во рок од шест години.

Законот, што ќе се однесува на околу две илјади фирми, беше поддржан и од владејачката конзервативна партија на претседателот Николас Саркози и од опозициските социјалисти. Според собранискиот извештај, во управните одбори на најголемите француски компании има околу 15 отсто жени.

Норвешка и Шпанија имаат донесено слични мерки.