Рускиот извештај за несреќата на Качински за Полска некомплетен

Полскиот премиер Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека рускиот извештај за авионската несреќа во која лани загина полскиот претседател Лех Качински е некомплетен. Туск најави дека Полска ќе се консултира со Русија за да направат заедничка верзија за настанот.
Качински и 95 патници на авионот загинаа во близна на градот Смоленкс. Според извештајот на Русија виновни за несреќата биле пилотите, бидејќи подлегнале на притисокот да слетаат и покрај густата магла во регионот.