Милошоски на неформална министерска средба на ЕУ во Будимпешта

Милошоски на прес конференција со австрискиот министер Шпинделегер во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска и утре, на покана на државниот секретар за Европа во МНР на Република Унгарија Енико Ѓори, ќе учествува на неформалниот министерски состанок на земјите членки на ЕУ во Будимпешта.
Земјите-кандидати за членство во ЕУ прв пат се поканети да учествуваат на овој неформален состанок со што се потврдуваат заложбите на унгарското претседателство кон политиката на проширување и унапредување на пристапниот процес.
На маргините на овој дводневен работен состанок претставниците на сите земји – кандидати ќе имаат одвоен работен состанок со државниот секретар Енико Ѓори. Главна тема на разговор ќе биде проширувањето на ЕУ.