Полициски час во Тунис поради немирите

Протестите во Тунис во декември

Властите во Тунис воведоа полициски час во главниот град на земјата Тунис, откако безбедносните сили се судрија со демонстрантите. Полицијата претходно употреби солзавец за да ги растера стотиците демонстранти во центарот на градот. За време на настанот немало повредени или жртви, но според медиумите во јужниот дел на земјата загинале две лица, кога полицијата отворила оган кон демонстрантите. Претседателот на Тунис Зине Ал Абидине Бен Али претходно изјави дека поради насилните протести му дал отказ на министерот за внатрешни работи.