Кувајтскиот премиер во посета на Ирак

Премиерот на Кувајт

Кувајтскиот премиер Шеик Насер Мохамад Ал Ахмад Ал Шабани денеска е во посета на Багдад. Тоа е прва посета на Ирак на еден премиер од Кувајт по инвазијата на Садам Хусеин на земјата во август во 1990 година. Ирачките сили по седум месеци беа протерани од меѓународната коалиција.
Пред два дена еден ирачки рибар се конфронираше со кувајтската крајбрежна стража, при што еден од полицајците загина, а ирачкиот брод потона.