Бутан ги заострува мерките против пушењето

Полицијата во Бутан доби овластувања да влегува во домовите на пушачите во потрага по илегално шверцуван тутун. Оваа будистичка земја, каде што пушењето се смета за лоша појава ја забрани продажбата на тутун во 2005 годината. Од тогаш за неколку пати порасна шверцот на цигари од соседната Индија.