Самоубиствен напад во Кабул, четворица убиени

Кабул

Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека најмалку 4 лица биле убиени, а 20 други повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Се прецизира дека напаѓачот кој бил на мотоцикл го активирал експлозивот во моментот додека минувал покрај еден минибус во кој имало полицајци. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.