Кина и САД со заеднички интереси околу Кореа

Кинескиот заменик министер за надворешни работи Цуи Тианкаи оцени дека Пекинг дели заеднички интереси и цели со Соединетите држави во врска со Корејскиот полустров. Тој притоа ги повтори апелите за рестартирање на шестпартитните преговори. Тианкаи одржа прес конференција во Пекинг пред престојната посета на кинескиот претседател Ху Џиантао на Соединетите држави во идната недела при што ќе има средба со претседателот Барак Обама.