Директорот на СБ Оконџо Ивеала во Македонија

Управниот директор на Светска банка Нгози Оконџо Ивеала од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Предвидено е таа да се сретне со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски, како и со учесници во проекти финансирани до Светска банка.