Три години од загинувањето на 11 мировници на АРМ

Денеска се навршуваат три години од трагичната хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце во која животот го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија при нивното враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. На спомен обележјето на местото на несреќата цвеќе ќе пложат членови на нивните семејства, припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот.