Обама на комеморација на жртвите во Тусон

Американскиот претседател Барак Обама ќе присуствува на денешната комеморативна церемонија во Тусон, Аризона за жртите на саботниот напад во кој шест лица беа убиени, а триенаесет други ранети, меѓу нив и конгресменката Габриел Гифордс. Докторите соопштија дека 40 годишната Гифордс почнала самостојно да дише, но оти и натаму била во критична состојба. Осомничениот за пукањето, 22 годишниот Џаред Лохнер вчера беше обвинет за пет кривична дела, меѓу нив и за атентат врз демократката Гифордс.