Меркел ги критикува Анкара и кипарските Турци

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на престојот во Никозија ја критикуваше Турција и кипарските Турци бидејќи не направиле доволно за да се постигне договор за повторно обединување на Кипар. Меркел се сретна со лидерите на двете заедници на поделениот остров, Дервиш Ероглу и Димитрис Христофиас, при што ја критикуваше турската страна, а ја пофали храброста и креативноста на лидерот на кипарските Грци. Таа истакна дека Германија сака да продолжат преговорите за повторно обединување на Кипар „без оглед на конечната одлука“.