Продолжува евакуацијата од Бризбејн

Илјадници жители на Бризбејн, трет по големина град во Австралија, ги напуштаат своите домови поради катастрофалните поплави. Градските власти соопштија дека бројот на домови кои се очекува да бидат погодени од поплавите се искачил на 20 илјади, односно оти се загрозени околу 45 илјади луѓе. Според последните информации, во Бризбејн 19 лица се водат како исчезнати.