Распит на новинарите на А1 ТВ

Апсењето на Велија Рамковски

Новинари на А1 Телевизија денеска одговараа на прашања поврзани со случајот Пајажина пред јавниот обвинител и пред истражниот судија во Основниот суд Скопје 1. На распитот се појавиле сите осум новинари кои биле повикани, заедно со вработените во Акстра трејд како сведоци за случувањата на Перо Наков бб.
Околу 20 луѓе, меѓу кои и сопственикот на телевизијата Велија Рамковски се во притвор и се осомничени за финансиски малверзации.