Војниците во Авганистан направиле штети од 100 милиони долари

Овоштарник во Кандахар

Авганистанските власти соопштија дека авганистанските и странските сили при безбедносните операции во покраината Кандахар направиле штети од 100 милиони долари во минатата година. Според властите војниците им направиле штети на овоштарниците и домовите на луѓето кои ги напуштиле за време на операциите и тие немале друг избор освен да ги кренат во воздух.
Од кабинетот на градоначалникот на покраината изјавија дека тврдењата на граѓаните за висината на штетите сепак се претерани.