Договор за нуклеарна соработка меѓу Русија и САД

Сергеј Риабоков и Џон Бејрли

Договорот за цивилна нуклеарна соработка наречен 123 меѓу Русија и САД денеска стапи на сила. На церемонијата во Москва присуствуваа рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков и американскиот амбасадор во земјата Џон Бејрли. Според договорот двете земји ќе го следат развојот на нуклеарната технологија и ќе се борат против ширењето на нуклеарното оружје. Договорот беше потпишан во 2008 година, но тогашниот претседател Џорџ Буш ги наруши односите со Русија за претседателот Барак Обама да го одобри повторно оваа година.