Скопје- преставување на приоритетите на унгарското претседателство со ЕУ

Унгарскиот амбасадор во Македонија, Ференц Кекеши денеска пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања ќе ја претстави програмата и приоритетите на претседателството на неговата земја со Европската Унија. Кекеши, во присуство на шпанскиот и белгискиот амбасадор, Фернандо де Галаинена Родригез и Марк Микелсен и евроамбасадорот Ерван Фуере, ќе ги претстави приоритетите на унгарското претседателство на прес-конференција во седиштето на Европската Комисија во Скопје.