Бајден денеска на разговори со Карзаи

Џо Бајден и Хамид Карзаи

Американскиот вице претседател Џозеф Бајден денеска во Кабул ќе разговара со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Бајден вчера пристигна во Авганистан за да ги процени состојбите во земјата за тоа дали е се подготвено за постепената смена на американските сили со авганистанските. Бајден веќе се сретна со командантот на меѓународните и американските сили во Авганистан, Генерал Дејвид Петреус, и со американскиот амбасадор Карл Ејкенбери. Бајден денеска треба да се сретне и со американските војници.