Опозицијата во Белорусија бара подршка од Европа

Ева Некљајева

Ќерката на затворениот белоруски претседателски кандидат Владимир Некљајев тргна на европска турнеја на која ќе бара подршка за опозицијата во Белорусија. Нејзиниот татко бешe претепан на предизборните протести на 19 декември. Таа се состана со владини функционери од Литванија, Полска, Чешка. За Радио слободна Европа таа изјави дека од Полските функциоенри добила ветување дека Полска ќе заземе строга позиција против Белорусија пред Европската Унија. Полското Министерството за надворешни работи веќе ги укина надоместоците за визите за граѓаните на Белорусија. А Варшава планира следниот месец да одржи конференцијата за начинот како да и помогнат на опозицијата во Белорусија. Ева Некљајева планира да се сретне и со германски официјални претставници во Берлин , а потоа да отпатува за Брисел. Европскиот парламент за утре закажа итен состанок за политичката криза во Белорусија.