Европскиот Парламент загрижен за изборите во Косово

Набљудувачите од Европскиот парламент соопштија денеска дека на изборите на 12 декември и вчера во Косово имало неколку сериозни пропусти и властите покажале недоволна политичка волја за спроведување на вистински избори во согласност со меѓународните стандарди. Членот на набљудувачкиот тим на ЕП Улрике Луначек изјави дека иако гласањто поминало во добра атмосфера тие добиле извештаи за вршење притисок и измами.