Напаѓачот на конгресменката Гифордс денеска пред суд

Осомничениот за нападот врз американската конгресменка Габриел Гифордс денеска за прв пат ќе се појави пред суд. Џеред ли Логнер, за кој се смета дека тешко ја ранил претставничката на американскиот Конгрес, дополнително се товари и за убиство на шест лица.
Американските власти соопштија дека во домот на Логнер биле пронајдени коверти со забелешки во кои било наведено „Јас планирав на време“ и „Мојот атентат - Гифордс“.
Во меѓувреме, здравствената состојба на конгресменката Гифордс е се уште критична поради прострелната рана во главата. Во нападот кој се случи во неделата во Аризона беа повредени тринаесетмина. Меѓу шестмината загинати има и американски судија и деветгодишно дете.