Американскиот секретар за одбрана во посета на Пекинг

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска е на разговори со кинеските власти во Пекинг. Разговорите се случуваат пред посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао во Соединетите американсдки држави, закажана за идната недела. Гејтс изјави дека неговата посета е знак дека кинеските власти сакаат да ги обноват воените врски со американските власти, кои беа загрозени минатата година поради кинеските приговори за продажбата на американско оружје во Тајван.