Вестервеле-Германија нема да го остави Авганистан

Гвидо Вестрвеле

Германскиот министер за надворшени работи Гвидо Вестервеле при неговата изненадна посета на Кабул изјави дека неговата земја нема да го напушти Аваганистан во годините што доаѓаат. Вестервеле се сретна со неговиот авганистански колега Залмаи Расоул со кој потпиша договор Германија да му врат долг на Авганистан од 17 милиони долари кој потекнува од времето кога Германија беше поделена на источна и западна.
Вестервеле се сретнал и со претседателот Хамид Карзаи. Германските власти наредната недела треба да одлучат дали ќе испратат дополнителни војници во Авганистан.