ЕУ- Грција неможе да го реши проблемот со имигрантите

Грчките власти неможат да го решат проблемот со нелегалните имигранти, бидејќи нивниот број е поголем од очекуваниот, соопшти Агенцијата за надворешни граници на ЕУ. Според извештајот на беглаците во прилог им оди тоа што копнената граница меѓу Грција и Турција не е доволно обезбедена и преку неа во првите двете месеци во минатата година влегле 31 илјада нелегални имигранти. Најмногу од нив потекнуваат од Авганистан, а се повеќе бегалци има и од Алжир.