Пензионер ги убил двајцата соседи и сопругата во Италија

Еден 70 годишен пензионер од Италија ги застрелал најпрвин неговите двајца соседи, па сопругата и на крај се застрелал себеси, соопштија тамошните медиуми. Локалниот обвинител Раниери Миниати изјави дека напаѓачот потоа починал во болница во Џенова. Пензионерот соседите ги убил во едно кафуле, а неговата жена во нивниот дом, а додека бил опколен од полицијата решил да си го одземе животот. Мотивот за убиствата најверојатно е љубомора.