Анти-владини протести во Бангкок

Подржувач на Црвените маички

Илјадници припадници на таканареченото движење Црвени маички денеска во Бангкок протестираат против владата на премиерот Абхисит Веџаџива. Тие ги блокираат улиците низ градот и вршат церемонии на местото каде што војската се судри со демонстрантите на 19 мај во минатата година.
За време на немирите од март до мај меѓу демонстрантите и властите загинаа 92 лица. Црвените маички се познати и како Обединет фронт за демократија и против диктатура и тие се поврзани со опозициската партија чиј лидер е поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра.