Уапсени 5 лица кои од Грција сакале нелегално да превезат Авганистанци

Грчкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека уапсило пет лица кои се обиделе нелегално да превезат 15 Авганистанци од Грција во Италија. Меѓу уапсените има четворица таксисти и еден Маркоканец кој живее во Италија. Според полицијата Мароканецот им обезбедил фалсификувани документи на Авганистанците за кои секој платил по 1000 евра. Двата авиони со кои требало да се превезат луѓето преку аеродромот во градот Кавала, биле изнајмени од фирма со седиште во Велика Британија.