Кир-референдумот е историски момент за Судан

Претседателот на Јужен Судан, Салва Кир

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир денеска гласаше на референдумот за осамостојување на јужниот дел на земјата и притоа изјави дека настанот претставува историски момент за Судан. Референдумот е производ на мировниот договор од 2005 година меѓу северниот и јужниот дел по деценискиот конфликт во кој загинаа околу 2 милиони луѓе.
Гласачите носат разни плакати и симболи за независност. Гласачката комисија соопшти дека на првиот ден од гласањето имало голема заинтересираност од страна на граѓаните. За да бид успешен референдумот мора најмалку 60 насто од гласачките ливчиња да бидат валидни, а финалниот резултат ќе биде конечен доколку има мнозинство од 51 насто.