Аеродромот Александар Велики затворен за собраќај

Аеродромот Александар Велики

Аеродоромот Александар Велики денеска е затворен за собраќај поради густата магла. Откажани се летовите за Виена, Будимпешта, Белград, Подгорица, Загреб и Бурса, а утринава само полетал авионот за Цирих.
Поради маглата не слетале и авионите од Будимпешта, Цирих, Виена и Бурса. Некои од нив се враќаат,а некои се пренасочуваат кон аеродромот во Охрид. Од скопскиот аеродром соопштија дека собраќајот ќе биде нормализиран, кога ќе се подобрат временските услови.