Американската конгресменка Гифордс во критична состојба

Габриела Гифордс

Американската конгресменка Габриела Гифордс се наоѓа во критична состојба, откако беше застрелана на јавен собир во Аризона. На Гифордс и била извршена итна операција на главата, каде што завршил куршумот. Притоа шест лица загинаа, меѓу кои и едно деветгодишно девојче и федерален судија, а 13 луѓе беа повредени.
Осомничениот за нападот е приведен од полицијата и се трага по други негови соучесници. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се случила национална трагедија.