Три цивили загинаа при напади во Авганистан

Авганистанските официјални лица соопштија дека три цивили и двајца милитанти загинале денеска во оделни напади во земјата. Двајцата цивили биле жртви на бомбашки напад во реонот Марџах во покраината Хелманд, а третиот го загубил животот при експлозија на бомба која била закачена за неговото возило. Двајцата милинтанти според потпаролот на војската Расол Мохамад Сафи загинале додека поставувале мина.