Пронајдени 15 обезглавени тела во Мексико

Мексиканските власти соопштија дека пронашле 15 обезглавени тела на мажи на плажите на познатото туристичко место Акапулко. Според државната агенција за безбедност жртвите биле на возраст од 25 до 30 години и најверојатно биле дел од нелегална трговија со дрога во Мексико. Над 30 илјади луѓе се убиени во борбата на ривалските банди и безбедносните сили, откако мексиканската влада им објави војна на нарко картелите во 2006 година.