Груевски-зависи од Грција какви ќе бидат преговорите за името

Премиерот Никола Груевски

Македонија ќе ги продолжи преговорите со Грција за спорот со името, но дали тие ќе бидат суштински зависи од другата страна, изјави премиерот Никола Груевски при посетата на Домот за пензионери „Јане Сандански“.
Според Груевски тие би сакале разговорите да бидат суштински, но дали ќе има волја и од Грција ќе се види во февруари во Њујорк на средбата меѓу претставниците на двете земји и медијаторот Метју Нимиц.