САД бараат податоци од Твитер за Викиликс

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Судот од Вирџинија издаде налог во кој се бара од социјалната мрежа Твитер да му достави податоци за основачот на интернет сајтот Викиликс, Џулијан Асанж и на уште некои луѓе поврзани со неговата работа.
Викиликс соопшти денеска дека верува оти и Гугл и Фејсбук добиле исти такви налози со кои се бараат корисничките имиња, адресите, телефонските броеви и други нивни податоци. САД ја истражуваат и можноста за покренување на тужба против Асанж за објавувањето на тајни документи на неговиот сајт.