Шпанската национална ТВ нема да прикажува борби со бикови

Водечкиот јавен сервис на Шпанија РТВЕ соопшти дека нема повеќе да објавува снимки од борбите со бикови, кои се традиција на земјата со векови за да не гледаат децата насилство на телевизија. Таквиот чекор доаѓа по жестоките дебати во Шпанија меѓу групите за заштита на животните и љубителите на спортот. Североисточниот дел на Каталонија во јули стана вториот регион на земјата по Канарските острови, кој одлучи да ги забрани борбите со бикови.