Италијанскиот суд ќе расправа за имунитетот на Берлускони

Силвио Берлускони

Италијанскиот суд наредната недела ќе донесе одлука, дали законот кој му дозволува на премиерот Силвио Берлускони да не се појавува пред судот, додека ја извршува функцијата е уставен, објавуваат италијанските медиуми. Судот ќе ја соопшти одлуката во четврток на 13 јануари, а не како што беше предвидено во вторник. Законот кој беше усвоен во март во минатата година им дозволува на премиерот и министрите да не се појавуваат пред судот најмногу до 18 маесеци, односно до септември годинава.