Чиле ја призна Палестина како независна држава

Чиле стана уште една латиноамериканска земја која ја призна Палестинаската држава. Чилеанскиот министер за надворешни работи Алфредо Морено соопшти дека чилеанската влада усвои резолуција за признавање на Палестина како слободна, независна и суверена држава. Со ова Чиле им се придружи на Бразил, Аргентина, Боливија и Еквадор кои во минатиот месец ја признаа Палестина. Скоро 100 други земји во светот во изминативе 20 години исто така понудија признавање на Палестина. Израел и Соединетите држави ги осудија ваквите одлуки како контрапродуктивни, оценувајќи дека Палестинската држава мора да биде договорена на преговори меѓу израелците и палестинците.