Неформално со Нимиц или интензивни преговори за името?

Macedonia – UN mediator Matthew Nimetz, Skopje, 24Feb2010

Посредникот на ОН во македонско грчкиот спор Метју Нимиц, свика состанок со претставниците на двете страни во Њујорк, в среда, 9. февруари. прва ваква средба по речиси една година.
Македонскиот државен врв во повеќе наврати, порача дека очекува во оваа 2011 година да биде надминат спорот за името со Грција. Според аналитичари блиски до власта, Македонија дава сигнал на конструктивност и компромис.
Македонскиот преговарач и амбасадор во САД, Зоран Јолевски, вчера за Гласот на Америка, изјави дека Македонија е подготвена да се најде заемно прифатливо решение за името, кое што ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонскиот народ.
Грчките медиуми, пак, цитирајќи владини извори, денеска објавија дека средбата на 9. февруари ќе биде „неформален состанок“ за да се испита ситуацијата, а не за интензивирање на активностите околу решавање на спорот, како што македонската страна сака да го претстави пред домашната јавност и меѓународната заедница.
Грција инсистира дека решение за името е предуслов за членството на Македонија во НАТО и ЕУ и останува на позицијата за име со географска одредница за општа употреба.