Турција - акција против проституцијата

Турската полиција денеска изврши голема операција против макроа и проститутки во Истанбул.
Акцијата, во која учествуваа 200 полицајци, е резултат на седум месечната истрага.
Во операцијата уапсени се 21 макро и 23 проститутки, меѓу кои, и поранешни манекенки.
Се нагласува дека макроата им обезбедувале жени на богати клиенти, кои за своите сексуални задоволства плаќале меѓу 1.000 и 5.000 евра.
Уапсените жени ќе бидат ослободени откако ќе дадат изјава во полиција.