Зголемени полициски сили во Лондон

На транспортните јазли и центри во Лондон се распоредени дополнителни полициски сили поради загриженост од можен терористички напад.
Според известувањата нема конкретна закана, но дека лондонската полиција ја спроведува анти – терористичката тактика. Заканата од терористички напади во Велика Британија останува на второто највисоко ниво што значи голема веројатност од напади.