Откупувачите на тутун се договорија со Министерството за земјоделство

Откуп на тутун во Прилеп

Откупувачите на тутун се сложиле да се придржуваат кон реалната проценка на квалитетот на тутунот и да го интензивираат откупот, ова било одлучено на средбата со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Според соопштението на министерството на сите откупни места ќе има засилена контрола со што би се гарантирала правилната цена на тутунот и ги повика тутунарите да го зголемат предавањето на нивниот производ.