Унгарија се заложува за влез на Хрватска и регионот во ЕУ

Виктор Орбан

Унгарија планира да ги заврши пристапните преговори со Хрватска за време на нејзиното претседавање со ЕУ, изјави денеска во Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан и притоа се заложи за прием на останатите земји од регионот, објавува агенцијата Хина.
Според Орбан унијата е нецелосна без земјите од Балканот и нема да застане додека сите не станат нејзини членки, а проширувањето ќе започне со Хрватска, па Србија и останатите кандидати.